Магазин 26. февруари 2020. / 13:36

Интер – Лудогорец: Корона паника, на Сан Сиро ниту новинари

Интер – Лудогорец: Корона паника, на Сан Сиро ниту новинари

Поради страв од ширењето на корона вирусот, реванш натпреварот од шеснаесет финалето помеѓу Интер и Лудогорец на миланскиот стадион Џузепе Меаца (првиот натпревар заврши 2-0) ќе биде одигран пред празни трибини.

Најпрво вратите на стадионот беа затворени за гледачи, потоа беа одложени отворените тренинзи, но и прес-конференциите, а сега влезот е забранет и за сите новинари, освен ТВ камерманите.

Во четврток од 21 часот присутни ќе бидат само телевизиските камермани со право на пренос на натпреварот, по некој репортер за јавувања во живо и тоа е сè.

Антонио Конте не одржа прес-конференција, градските власти и тоа го забранија како би го спречиле непотребно собирање во мал простор. Ги немаше ниту вообичаените, делумно отворени, тренинзи за медиумите. Дотолку, што ќе нема ниту коментатор од италијанската телевизија, а натпреварот ќе се пренесува од зградата на медиумот.

На Бугарите не им е сеедно што пристигнуваат во вакво опкружување.

 – Загрижен сум за овие непријатни ситуации. Се надеваме дека се ќе помине добро. Ќе го напуштиме Милано веднаш после натпреварот, изјави претседателот на Лудогорец, Кирил Домусчиев.

Помеѓу стотината акредитирани новинари повеќето биле од Бугарија, но заради одлуката на УЕФА, договорите на двата клубови и забраната на италијанските власти на Ломбардија и Милано сите ќе го гледаат на телевизија.