Магазин 23. август 2020. / 09:44

Интензитетот на сообраќај умерен надвор од градските средини

Интензитетот на сообраќај умерен надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот.

Регионалниот пат Чегране-с.Чајле, како што посочија од АМСМ, е затворен за сообраќај поради изведување градежни работи.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.