Мадона во вторникот на Инстаграм објавила видео со наводни дезинформации за корона вирусот и за лек за болеста, како и дека вакцината е развиена, но дека е ускратена и се крие од мнозинската јавност, со цел богатите луѓет уште повеќе да се збогатат.
Таквата објава, сепак, беше цензурирана од платформата како лажна вест.
Вистината ќе нè ослободи. Но, некои луѓе не сакаат да ја слушнат вистината – напишала Мадона во објавата која Инстаграм ја означи како лажна информација и ја цензурираше, објаснувајќи дека засега не постои познат лек за корона вирус, пренесува „Vulture“.
Објавата подоцна беше отстранета од Инстаграм. Во виралното видео што го споделил и американскиот претседател Доналд Трамп, пред да биде отстрането од Твитер, е претставена контроверзната лекарка од Хјустон, д-р. Стела Имануел, која тврди дека излекувала стотици пациенти со одреден лек, а исто така, рекла и дека заштините маски не се потребни.
На почетокот Инстаграм стави забрана за гледање на видеото, пишувајќи дека се „шират лажни вести“, а видеото е избришано набргу потоа.
Доналд Трамп, исто така го сподели истото видео на својот Твитер, кое подоцна беше избришано од таа социјална мрежа.
Студиите покажаа дека овој лек е неделотворен во лекувањето на вирусот, со можни опасни несакани ефекти.
Пејачката Ени Ленокс изрази загриженост поради Мадона заради ширењето на дезинформациите.
Ова е целосно лудило. Не можам да верувам дека ги промовираш тие опасни глупости. Се надевам дека твојот профил е хакиран и дека се подготвуваш да објасниш сè – напиша таа.
Мадона веќе го привлече вниманието со контроверзни изјави за корона вирусот, кој го нарече одличен изедначувач, но и таа објава подоцна беше отстранета од Инстаграм.