Македонката Софија Дацева на 25 години има две компании и многу иновативни идеи.
Таа, со својата компанија „Вајс груп“ е една од трите победници на натпреварот за „Зелени идеи“ на АРНО, со својата идеја за преработка на комињето во мултифункционален адитив за производи од прехрамбената индустрија.
До оваа идеја дошла додека работела на својот прв иновативен производ – сладолед од вино, кој во моментот е во фаза на комерцијализација и истиот ќе биде пласиран на европскиот пазар.
Софија ја формирала својата стар-ап компанија во почетокот на 2020 година, а нејзината Зелена идеја се состои од преработка на комињето кое е нус-производ при процесот на производство на вино, во мултифункционален адитив од комиње.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.