Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека ќе предложи опции за правна заштита на играчите во врска со пандемијата на корона вирусот.
Голем број на тимови, меѓу кои Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Лион и Хартс, најавија дека ќе ја намалат платата на играчите поради глобалната пандемија.
Инфантино најави и дека ќе се стави крај на трансферите врдни над 100 милиони евра.
Бројките беа превисоки, се трошеа по 100 милиони евра по играч. Но, тоа ќе се промени, нема да има повеќе вакви трансфери. Проблемот е што клубовите што го потпишуваат договорот никогаш нема да ги вратат парите. Таксите ќе бидат намалени – изјави Инфантино во интервју за „Марка“.