Магазин 07. јануари 2021. / 17:36

Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек на планетата

Илон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек на планетата

Илон Маск, сопственик на Тесла и Спејс Икс, во моментов е најбогатиот човек на планетата, објави денеска престижниот Блумберг, истакнувајќи дека богатството на Маск е зголемено за 150 милијарди долари во текот на минатата година.

Маск ја презеде титулата најбогат човек на светот од Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој го држеше првото место меѓу најбогатите од 2017 година, потсетува Блумберг, кој создаде своевиден индекс на најбогатите луѓе, користејќи го тој што ја следи вредноста на богатството на 500 најбогати на глобално ниво.

Илон Маск успеа да го „престигне“ Безос со вредноста на акциите на неговата компанија Тесла, која произведува електрични автомобили, кои денеска порасна за 4,8 проценти, што значи дека во 10:15 часот по њујоршко време, Маск имаше точно една и пол милијарда долари од Безос.

Во тоа време, имотот на Маск вредеше 188,5 милијарди долари, објави Блумберг.