Во пресрет на утрешниот празник во САД, Денот на благодарноста, во повеќе градови и населени места низ Америка се организира бесплатно раздавање мисирки. Печена мисирка е главниот елемент од празничната трпеза на Денот на благодарноста, најзначаен семеен празник во САД.
Во повеќе градови и држави, на настани организирани од локални фирми или невладини организации за помош на сиромашните, илјадници социјално загрозени Американци чекаат на ред да добијат бесплатен „танксгивинг мил“ (оброк за Денот на благодарноста), вклучително и мисирка.
Така на пример, досега, над 30.000 бесплатни мисирки се раздадени во Тексас, над 5.000 во Њујорк сити. Редови за чекање да се добие мисирка се создаваат и во Вирџинија бич, Вирџинија, Сент Луис, Мисури или Орладно, Флорида, каде деновиве беа раздадени илјадници вакви птици.
Очигледно, годинава бројот на бесплатни оброци за Денот на благодарноста е многу поголем, со многу загрозени семејства поради актуелната криза со коронавирусот во земјата.