Барселона претрпе незаборавен пораз во полуфиналето против Вардар.
Тие во еден момент водеа и со +7 и се чинеше нема да имаат проблеми до крајот на мечот. Но, тогаш вардаровите херои одиграа максимално и приредија чудо во Келн.
Десниот бек Дика Мем и два дена по случувањата во „Ланксес Арена“ не може да ги задржи солзите, а вина најде и кај судиската двојка.
– За нас е загубена шанса. Мене ова првпат ми се случува, да водам со седум гола разлика и на крај да загубам. Во мене имам гнев поради тоа што знам дека ќе ја освоевме титулата.
Судиите досудија неколку пати во корист на Вардар. Висина е дека не ни помогнаа, но не треба да се насочуваме кон нив. Вината е целосно кај нас. Не можете да сметате дека имате добиен натпревар, сигурно тоа не треба да се прави против екипи како Вардар. – вели францускиот интернационалец.
Како и пред две години, македонскиот првак го победи каталонскиот гигант и ја освои титулата во Лигата на шампионите.