Се сеќавате на словачката сензација пред децеија ипол – Артмедија Петржалка? Овој клуб играше Лига на шампиони во 2005 година, потоа и Куп на УЕФА, но сега клубот е во општинска лига, аматерски тим со ново име ФК Петржалка.
Некогашниот гигант кој ја изненади комплетната европска јавност потона во изминатава деценија, па стигна до аматерски ранг на натпреварување, а нивниот стадион, кој беше модерен и симпатичен сега е рушевина – како снимање на хорор филмови. Плус и депонија, зашто смет има на сите страни.
Сликите од стадионот на Петржалка е тажната слика на фудбалот во кој не сите клубови и по најголеми успеси успеваат да опстанат на барем просечно ниво.