Игор Бишчан, селекторот на младата репрезентација на Хрватска е позитивен на тестот на Ковид-19.
Ова значи дека нема да може да ја води У-21 селекцијата на својата земја на претстојните септемвриски квалификациски мечеви.
Два члена на стручниот штаб на селекцијата се позтивни на коронавирусот, па затоа сите во него веднаш се изолирани.
На местото на Бишчан ќе застане Томислав Рукавина, кој е селектор на У-17 на Хрватска. Бишчан нема симптоми, но тестот е позитивен и ќе мора мине 14-дневен карантин.
Позитивен на „Ковид-19“ е портпаролот на ХНС, Томислав Пацак, кој пак ќе го пропушти собирот на А репрезентацијата.