Познатата музичарка Иги Азалиа се породила во тајност.
Австралиската раперка, ги изненади своите фанови со собјава на Инстаграм, откри дека добила син.
Го чекав вистинскиот момент за да кажам нешто, но чувствувам како што времето поминува сѐ повеќе, сѐ повеќе сфаќам дека секогаш ќе се чувствувам вознемирено да споделам вест која е гигантска за светот. Сакам да го зачувам неговиот приватен живот, но би сакала да разјаснам дека тој не е тајна и дека го сакам – соопшти Азалиа, која не открива кога се родило момчето.