Магазин 23. ноември 2020. / 09:41

Ибрахимовиќ првиот фудбалер во историјата на Милан кој дал гол на осум натпревари по ред

Ибрахимовиќ првиот фудбалер во историјата на Милан кој дал гол на осум натпревари по ред

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола на синоќешниот натпревар од 8. коло во Серија А против Наполи.

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец стана првиот фудбалер во историјата на Милан кој дал гол на осум натпревари по ред во италијанската лига.

Ибрахимовиќ и повеќето други фудбалери во Серија А на средбите од 8. коло се појавија со црвени ленти на лицето. Оваа традиционална акција е дизајнирана да привлече внимание за проблемите на жените кои доживеале насилство.