Магазин 19. јануари 2021. / 09:38

Ибрахимовиќ продолжува да руши рекорди

Ибрахимовиќ продолжува да руши рекорди

Милан синоќа во последниот меч од 18. коло во Серија „А“ го совлада тимот на Каљари со 0:2, со двата гола на ветеранот Златан Ибрахимовиќ, кој и на 39 години игра како да има 20.

Со овие два гола, Ибра сега има 12 голови во Серија „А“.

Со тоа Ибра стана единствен фудбалер кој тресе „мрежи“ константно од 1999 година па до оваа 2021 година.

– Се додека се чувствувам добро, продолжувам со фудбалот. Јас и натаму можам да бирам. Договорот ми истекува во јуни, но сигурно со челниците на клубот ќе поразговарам за тоа, рече Ибрахимовиќ.