Магазин 18. декември 2020. / 21:48

Ибрахимовиќ не се враќа на терените до крајот на годината

Ибрахимовиќ не се враќа на терените до крајот на годината

Иако се најавуваше брз кам-бек на шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ брзо ќе се врати на терените, сепак искусниот напаѓач нема да заигра за „росонерите“ до крајот на годинава, без оглед што се врати на тренинзите на тимот.

Ибрахимовиќ има повреда на бутниот мускул поради кои паузираше веќе две недели, но после првиот тренинг се пожалил на болка, па „Скај Спорт“ објави дека за него оваа година е завршена и на терен повторно ќе го видат навивачите во новата 2021 година.

„Росонерите“ не сакале да ризикуваат ни најмалку околу Ибрахимовиќ, па сега негов прв меч би можел да биле или со Беневенто на 3 јануари или на дербито со Јувентус на 6 јануари.