Магазин 02. јануари 2021. / 17:51

Ибрахимовиќ ќе игра на Европско првенство

Ибрахимовиќ ќе игра на Европско првенство

Златан Ибрахимовиќ треба да се врати во репрезентацијата на Шведска по пет години, тврди Газета дело Спорт.

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон беше најголемиот непријател на Златан во последните месеци, бидејќи првично не сакаше да го врати во националниот тим по неочекуваното заминување.

– Она што си го кажавме, останува меѓу нас. Ако Златан сака да се врати, ќе мора прво да разговараме, рече Андерсон во ноември.

Во меѓувреме, првиот чекор го направи Ибрахимовиќ, дојде до заеднички јазик и доколку биде подготвен, Ибра најверојатно ќе игра на Европско првенство.

Искусниот 39-годишен голгетер влезе во „есента“ на својата кариера одамна, но имајќи предвид колку добри натпревари одигра, неговото играње за Шведска би било одлично засилување.