Магазин 11. јуни 2020. / 22:30

Ибрахимовиќ го напушта Милан поради конфликт со директорот

Ибрахимовиќ го напушта Милан поради конфликт со директорот

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е пред напуштање на Милан конфликт со извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис.

Двајцата влегле во спор во текот на тренинг сесија, а локалните медиуми не јавија за конкретната причина.

Во последните месеци, Газидис не беше близу до клубот, а тоа не помина незабележано од Ибрахимовиќ, кој јавно го истакна тој факт.

Швеѓанецот исто така бил бесен на директорот за неговата одлука да го отпушти Звонимир Бобан, кој беше најзаслужен за враќање на Ибрахимовиќ во Милано.

Златан има договор со Милан до крајот на сезоната со опција да го продолжи за уште една година, но се чини дека неговиот престој на „Сан Сиро“ нема да трае долго.