Златан Ибрахимовиќ на свој начин се промовира во дресот на Милан каде се враќа по девет години. Швеѓанецот стави потпис на шестмесечен договор со „росонерите“, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Многумина ги интересираше зошто Ибрахимовиќ го одбра дресот со број 21, а тој реши да се пошегува во свој стил.
Бројот 21? Сосема ми е во ред. Каков однос имам со Борини? Немам никакви проблеми со него, ако јас ја сакав „11-ката“ ќе ми ја дадеа без размсилување. Ќе го избркав Борини од клубот и тоа е тоа. Но, ајде, годината да ја започнеме на добар начин, без проблеми, изјави Ибрахимовиќ со насмевка на лицето.
Шведскиот ас во Милано пристигна како слободен агент, а ланската сезона ја мина во редовите на американски Лос Анџелес Галакси.