Магазин 08. јануари 2021. / 10:56

Иако сите очекуваа да се откаже, Маикон ја продолжува фудбалската кариера во Европа

Иако сите очекуваа да се откаже, Маикон ја продолжува фудбалската кариера во Европа

Даглас Маикон, поранешниот дефанзивец на Монако, Интер, Манчестер Сити и Рома, реши да се врати во Европа.

Уште во 2016 година Маикон ја напушти Европа и се пресели во Бразил, но четири години подоцна се враќа и потпиша за екипа од четвртата италијанска лига.

Неговиот нов клуб се вика Сона и овој 39-годишен фудбалер нема намера да се откаже од европскиот фудбал, иако многумина сметаа дека ќе ја заврши кариерата.

Неговата кариера е успешна затоа што шест години години беше во Интер, а потоа настапуваше за Монако, Манчестер сити и Рома.

Може да се пофали со трофеи во Лигата на шампиони, трофејот во Серија А, во италијанскиот Куп и Суперкуп, а со Бразил освои две титули во Копа Америка.