Споменикот на 26-тиот претседател на САД, Теодор Рузвелт (14.09.1901-4.03.1909) поставен пред влезот на Американскиот музеј по природна историја во Њујорк ќе биде демонтиран. Предлогот на Музејот е одобрено од градските власти, објави „Њујорк Тајмс“ во своето неделно издание.
Плановите за демонтирање на споменикот претседателот Доналд Трмап ги нарече „глупост“.
Последниве неколку недели нашата музејска заедница беше длабоко разбранувана од движењето за расна еднаквост, што се појави по убиството на Џоеџ Флојд. Сведоци сме на се поголемо внимание во светот и во САД кон спомениците на моќни и штетни симболи на системски расизам, изјави претседателот на музејот Елн Фатер во интервју за весникот.
Претставници на Музејот исто така подвлекоа дека демонтирањето на споеменикот не е поврзано со личноста на 26. претседател на САД, туку со „хиерархиската композиција“ на самиот споменик. На споменикот Рузвелт е седнат на коњ, а од двете страни има индијанец и африканец. Како гест на почитување на Рузвелт, Музејот планира според него да именува сала посветена на биолошката разновидност.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер, плановите за демонтирање на споменикот на Теодор Рузвелт ги нарече „глупост“.
Глупаво е, не го правете тоа!“, повика тој на социјалната мрежа.
Ridiculous, don’t do it! https://t.co/VYez8p9AJh
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 22, 2020