Вчера беше објавено дека девет лица од Црна Гора кои биле на дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда се заразиле со коронавирус. Тие случаи во Црна Гора се први после неколку дена во кои во оваа земја немаше случај на заразен.
Денес од Србија потврдија и дека полицијаци се заразиле на овој натпревар кој се играше пред 20.000 навивачи.
Чудно беше тоа како во Србија се решија да играат пред толку навивачи, иако Ковид-19 се уште не беше минато за земјата. Дербито поради тоа се најде на насловните страни на светските медиуми, меѓутоа голем број експерти предупредуваа дека тоа може „биолошка бомба“.