Магазин 24. јуни 2020. / 10:54

И кошаркарот Никола Јокиќ со корона вирус

И кошаркарот Никола Јокиќ со корона вирус

Српскиот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, е позитивен на тестот за корона вирусот, јавуваат српските медиуми.

Како што се наведува, српскиот кошаркар се заразил во Србија и затоа е одложено неговото враќање во САД.

Јокиќ присуствувал на прошталниот натпревар на донеодамнешниот тренер на Мега, клубот во кој играше пред заминувањето во САД, Дејан Милојевиќ. А, тука се сретнал и со Новак Ѓоковиќ, кој исто така вчера објави дека е позитивен на тестот за корона вирусот.