Магазин 18. јуни 2019. / 16:15

И денеска невреме – еве кога ќе се стабилизира времето

И денеска невреме – еве кога ќе се стабилизира времето

Времето во Македонија е сончево, а околу попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.