Магазин 11. август 2020. / 20:00

Хрватски научник: Вакцината прво мора да нè биде штетна, а дури потоа да биде ефикасна

Хрватски научник: Вакцината прво мора да нè биде штетна, а дури потоа  да биде ефикасна

Хрватскиот научник проф. д-р Иван Џикиќ, директор на Институтот за биохемија на универзитетот Гете во Франкфурт во интервју за Слободна Далмација вели дека вакцина против коронавирус има, односно во клинички испитувања се дури 23, па добрите вести се дека ќе имаме различни видови вакцини. Научниците претежно работат на еден антиген, но на различни делови од него, па така се очекува дека ќе имаме три, шест или повеќе вакцини што можат да се користат и со тоа да се осигура дека вакцината е поефикасна кај различни популации.

„Една вакцина е доволна, но ако таа не делува, тогаш може да се вакцинира со друга вакцина. Реално вакцината би можела да се појави на пазарот на почетокот на следната година, но прво мора да се направат сите овие тестови, кои мора да бидат безопасни, затоа што вакцината ора прво да биде безопасна, а само тогаш е ефикасна“, вели докторот.

Според Џикиќ, треба да бидеме свесни дека вакцината може и да не биде толку ефикасна и да не може да нè заштити од коронавирусот. Тој додава дека за да создадат втора линија на одбрана, истражуваат како да создадат лекови кои ќе бидат специфични за коронавирусот 2.

„Неодамна откривме вирусни ензими кои се слаби точки на вирусот, затоа што кога ќе ги блокирате, вирусот веќе не може да се размножува и така во иднина можеме да создадеме лек што ќе биде специфичен во борбата против коронавирусот. Исто така ќе биде важно да се создадат можни лекови кои ќе се прилагодат на коронавирус 3, кои се со поголема веројатност да се појавата затоа што коронавирусите се појавуваат во интервали од пет до десет години“, вели докторот Џикиќ.