Магазин 07. јули 2019. / 20:39

Хомосексуалка ја откри вистината на ЛГБТ борбата: Семејството мора да се редефинира!

Хомосексуалка ја откри вистината на ЛГБТ борбата: Семејството мора да се редефинира!

Хомосексуалната активистка Маша Гасен, пред јавноста ги претстави плановите, реалната борба за воведување на истополови бракови.

Гасен е новинарка, руска писателка и пораешна директорка на руското „Радио Слобода“, но поседува и американско државјанство, а со нејзината најнова изјава ја разлути целата јавност.

Таа открива дека борбата не е за правата на хомосексуалците на брак, туку станува збор за реформулирање на семејството, бидејќи не требало да постои во сегашната форма.

– Овде не се работи за правата на хомосексуалците на брак, туку за, инситуцијата и бракот, како таков, односно семејството треба да се – демонтира. Семејството не треба да постои и понатаму во класичната форма. – изјави таа, пренесе Београд365.

За време на дискусија во Сиднеј, во која учествувала и таа, отворено признала дека целта на ЛГБТ заедницата е целосна демонтажа на семејството.

– Борбата на хомосексуалците за брак, обично го сокрива она што планираме да го наравиме со сопружничкиот пар, кога ќе ја постигнеме целта. Приказната дека институцијата семејство при тоа, нема да претрпи никакви измени и промени, не е вистинита.. По мое мислење, семејството воопшто не треба да постои. – истакна таа.

За да направи илустрација на потребата за елиминирање на семејсвото, таа како пример го наведе своето „семејство“, каде три деца, имаат пет возрасни родители.
Гасен истакна и дека сака да живеево таков правен систем каде ќе може да ја легализира таа реалност.