Актерката Фелисити Хофман призна дека е виновна во судскиот процес за поткуп против неа и неколкумина други, кои, наводно, потплатувале престижни универзити за прием на нивните деца.
Се изјаснувам дека сум виновна по обвиненијата на Обвинителството на САД. Целосно ја прифаќам одговорноста за мојата вина и, со длабоко каење и срам ги прифаќам сите последици од сè што сум сторила, изјави глумицата.
Таа натаму изрази жалење и за болката што ѝ ја нанела на својата ќерка, на своето семејство и пријателите.
Ќерка ми не знаеше ништо за она што го правев и, имајќи го предвид исклучително лошиот пат по кој тргнав, ја изневерив… Неправдата кон неа и јавноста ќе ја носам цел живот. Мојата желба да ѝ помогнам, не е изговор за кршење на законот, ниту за нечесноста, нагласи Хофман.