Актерот Даниел Редклиф (30) беше жртва на суров трик што се случи не во еден од неговите филмови „Хари Потер“, туку во реалниот живот.
На „Твитер“ се појави лажен пост што кружеше на интернет.
Во твитот пишува дека актерот бил заразен со корона вирус и станал првата славна личност за која тоа е јавно потврдено, пренесува „Хафпост“.
Портпаролот на Даниел изјави за „Њујорк пост“ дека тоа не е точно и дека актерот е целосно здрав.
Репортерот на „Њујорк тајмс“ кој го сподели овој твит подоцна се извини за ширење лажни информации.