Пследните недели „Мегзит“ е главна медиумска тема. Откако принцот Хари и Меган шокираа со објавата за одвојување од кралското семејство, не стивнуваат реакциите на јавноста.
Една од главните теми е прашањето за финансиската независност од моментот кога „Мегзит“ ќе стапи на сила.
Хари и Меган се уште водат луксузен и привилегиран живот, потпирајќи се на парите на даночните обврзници. На крајот сепак ќе продолжат да ги трошат парите од кралскиот фонд.
Списанието “US Weekly” пишува дека двојката ќе добива финансиска поддршка од таткото на Хари, принцот Чарлс. Тој дел од своето богатсво остварува преку Војводството Корнвол, приватна сопственост која ги финансира сите негови активности.
Иако повеќе нема да добиваат приходи од кралските должности, Хари и Меган може да сметаат на околу три милиони долари што ќе ги добиваат од идниот крал, принцот Чарлс.
Не е реткост детето да добие дел од наследството на таткото по неговата смрт, но принцот Хари е исклучок во овој случај затоа што тој не е ниту наследник ниту управник, а принцот Чарлс не е крал ниту е починат.
Оваа одлука е многу дарежлива и изненадувачка, со оглед на тоа што принцот Чарлс се чувствува предаден од одлуката на Хари да се повлече од своите должности.