Магазин 10. јануари 2020. / 18:30

Хари и Меган би можеле да ги чинат Канаѓаните милиони долари

Хари и Меган би можеле да ги чинат Канаѓаните милиони долари

Преселувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган во Канада би можело да ги чини канадските даночни обврзници милиони долари годишно за безбедносни трошоци, предупредуваат експертите.

Војводата и војвотката од Сасекс оваа недела ја шокираа кралицата Елизабета и остатокот од кралското семејство со тоа што најавија дека се повлекуваат од важни кралски должности и дека ќе поминат повеќе време во Северна Америка.

Иако не кажале каде планираат да останат, многу познавачи  ја сметаат Канада за логичен избор, бидејќи парот последните шест недели ги помина таму, а Канада е дел од британската заедница на земји што ја признаваат кралицата како шеф на нивната држава.

Канадската влада веројатно би имала законска обврска да им даде сигурност заради нивниот кралски статус, велат експертите за безбедност.

„Не верувам дека владата може да одбие да им гарантира безбедност“, рече Лери Буш, поранешен полициски службеник  кој се грижеше за безбедноста на многу светски лидери, вклучувајќи ги и претседателите на САД и кралското семејство.

Трошоците лесно може да достигнат до милиони долари, според Мајк Зимет, шеф за заштита на клиенти, вклучувајќи го и американскиот сенатор Берни Сандерс и актерот Алек Болдвин.

„Ако сакаат приватна заштита, тогаш околу нив мора да се изгради цела заштитна машина“, додаде тој.

Нивото на безбедност што им е потребно ќе биде дефинирано со проценка на заканата, вели Џо  Балц, претседател на безбедносна фирма со седиште во Торонто, која има работено со кралското семејство и другите држави.

„Секогаш ќе има идиоти кои предизвикуваат некаков проблем“, рече Балц, кој смета дека кралската двојка би била побезбедна во Канада отколку во САД, каде законите за оружје се значително полоши.

Тие исто така треба да се грижат за можноста киднапирањето на нивниот син Арчи, предупредува Зимет, кој смета дека киднапирањето е голема закана, особено кога станува збор за терористи.