Магазин 23. јануари 2020. / 23:13

Грчки навивачи на „Австралија опен“ скандирале против Македонија – Обезбедувањето ги исфрлило од турнирот

Грчки навивачи на „Австралија опен“ скандирале против Македонија – Обезбедувањето ги исфрлило од турнирот

Група од околу 20 грчки навивачи заминале на Мелбурн Парк за да го следат мечот на нивната Марија Сакари против јапоската претставничка Нао Хибино, но биле избркани оттаму поради скандирање против Македонија.

Навивачите пееле навивачки песни кои се својствени за фудбалски натпревари, имало и националистички скандирања со политичка конотација против Македонија кои не се дозволени на Гренд слем турнирите, а извадиле и знаме со Сонцето од Вергина.

Иако неколку пати биле предупредени за однесувањето од страна на судиите, тие не престанале, па обезбедувањето и полицијата ги исфрлиле од турнирот.