Магазин 17. јуни 2020. / 16:12

Граѓаните кои појавиле симптоми на вирусот корона го наполниле системот „Мој термин“

Граѓаните кои појавиле симптоми на вирусот корона го наполниле системот „Мој термин“

Нема  слободен термин во текот на неделата за тестирање за Ковид 19, во Скопје нема. Матичните лекари велат дека зголемениот бран на граѓаните, кои појавиле симптоми на вирусот корона го наполниле системот „Мој термин“. Седат Лумани вели дека пациентите долго чекаат на тестирање, ризикувајќи го нивното здравје без никаков медицински третман.

Факт е дека во последниве денови се наоѓаме во ситуација, да не речам, но близу до хаотична, имаме многу пациенти кои имале контакт со болни, но и  со оние кои имаат симптоми. За жал, ние како матични лекари не можеме да им служиме на пациентите и да закажеме термин, вели Лумани.

Во меѓувреме, во Чаир, во Општината со најмногу заразени, животот се одвива нормално. Дури има и граѓани кои велат дека пронашле лек за овој лош вирус. На шест пунктови за тестирање во главниот град, матичните лекари ги имаат пополнето термините за земање брисеви.