Магазин 23. октомври 2020. / 22:00

Говорите на Хитлер продадени на аукција за 34.000 евра

Говорите на Хитлер продадени на аукција за 34.000 евра

Рачно напишаните говори на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер беа продадени на аукција во Минхен во петокот, и покрај забелешките на еврејските групи дека ова може да ги охрабри неонацистите.

Аукциската куќа Херман Хисторика во образложението за продажбата на ракописите на Хитлер навела дека сите тие датираат пред почетокот на Втората светска војна, дека имаат историско значење и дека треба да бидат зачувани во музеј.

Тези за разговор со војници во Берлин

Сите документи беа продадени на анонимни купувачи по значително повисока цена од првичната, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Ракописот со девет страници, во кој Хитлер презентираше тези за неговиот говор пред новите војници во Берлин во 1939 година, осум месеци пред почетокот на Втората светска војна, достигна максимална цена од 34.000 евра.