Магазин 16. јуни 2020. / 19:30

Горан Бреговиќ осуден за плагијат: Треба да плати милион евра

Горан Бреговиќ осуден за плагијат: Треба да плати милион евра

Прославениот балкански музичар Горан Бреговиќ е осуден за плагијат.

Тој морал да му платил отштета од милион евра на францускиот композитор Енрико Масијас, поради недозволена употреба на неговата музика.

Масијас поднел тужба против Бреговиќ пред околу десет години. Во своето тврдење навел дека Бреговиќ ја користел неговата музика и ја претставил како своја, за потребите во филмот „Сонот на Аризона“ на Емир Кустурица.

Десет години подоцна, францускиот суд го прогласи Горан Бреговиќ за виновен.