Магазин 13. јануари 2019. / 23:03

Гонзалез: Против Хрватска да нападнеме како со Јапонија и да се браниме како со Бахреин

Гонзалез: Против Хрватска да нападнеме како со Јапонија и да се браниме како со Бахреин

Македонија заврши со загревање на ракометниот мундијал во Германија. Во првото коло беше совладана Јапонија со 38:29, денеска и Бахреин со 28:23, но Светското првенство за „црвено-жолтите“ од натпреварувачки и резултатски аспект почнува од утре. Потребна е победа во преостанатите три меча во групата Б во Минхен за трансфер во главната фаза во Келн, а првиот во низата е против Хрватска (понеделник, 18 ч.).

Селекторот Раул Гонзалез е задоволен со досегашниот правец по кој се движи репрезентацијата. Но, сложен е со општиот впечаток дека вистинските предизвици во „Олимпијахале“ допрва доаѓаат. Прва во распоредот за разврска е Хрватска.

Хрватска е селекција која ги има едни од најдобрите ракометари во светот и има амбиција да се бори за медали. Имаме почит кон нив, но ќе си ја бараме нашата шанса. На физички план мислам дека сме добри. Сепак сме на почеток на турнирот и ќе бидеме подготвени“, изјави Раул Гонзалез.

За дуелот со тимот на Лино Червар, Шпанецот смета дека треба да „напаѓаме како против Јапонија, а да се браниме како против Бахреин“. По мечот со „коцкестите“ ќе има слободен ден во групата Б, во среда од 20.30 ч. е дуелот со Шпанија и во четврток попладне со Исланд во завршното коло од прелиминарната групна фаза.