Кирил Лазаров денеска беше играч на мечот и покрај поразот на Македонија од Белорусија (26-30).
Македонија го одигра последниот натпревар на СП во Египет, а Лазаров со неговите седум гола стигна до јубилеј од 500 гола на големите натпреварувања.
Лазаров кој дебитира пред 22 години во Египет, на првиот мундијал на Македонија во историјата во 1999 година, постави рекорд кој ќе биде тешко да се достигне во иднина.