Магазин 11. февруари 2019. / 17:08

Голема промена на времето – се очекуваат поројни дождови

Голема промена на времето – се очекуваат поројни дождови

Попладнево се очекува облачноста да се зголеми и од запад да започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег.  Ветерот ќе го промени правецот во северен.

За наредните три дена УХМР најавува променливо облачно време со засилен северен ветар. Утре и задутре ќе има локални слаби врнежи од снег.