Магазин 12. May 2019. / 21:06

Голема победа на Манчестер Сити – одбранета титулата во Премиер лигата

Голема победа на Манчестер Сити – одбранета титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија титулата во Премиер лигата откако попладнево убедливо со 1-4 славеа на гостувањето кај Брајтон со што ја задржаа предноста од еден бод пред Ливерпул.

Шампионот беше неизвесен се до последното коло, па „црвените“ можеа да дојдат до титулата со кикс на Сити.

Сепак такво нешто не дозволија избраниците на Гвардиола, па екипата на Јирген Клоп останува без трофеј во Англија откако е формирана Премиер лигата, иако во еден дел од сезоната имаше предност од 7 бода.

И додека Ливерпул 29-та сезона по ред останува без шампионска титула за граѓаните ова е 6-ти историски трофеј од кои 5 во новиот милениум.