Магазин 20. јули 2020. / 15:23

Годинава без добитник на „Златна топка“

Годинава без добитник на „Златна топка“

Годинешната анкета за „Златна топка“ нема да биде спроведена, соопштија организаторите од „Франс фудбал“.

Причина за тоа се околностите поврзани со пандемијата со корона вирусот, што го спречија нормалното одвивање на сезоната во државните шампионати.

Така, за првпат од 1956 година, откако се спроведува анкетата, нема да има победник.

„Златната топка“ се смета за најпрестижна индивидуална награда во фудбалот.