Британец пронашол порака во стаклено шише старо 82 години и го открил неговото потекло, пренесуваат медиумите во Британија.
Пораката во шише напишана е на картонска кутија од колачи од 1938 година, а пронајдена е на една плажа во Велика Британија.
Во шишето ја пронашол пораката, напишана на рака од 5 септември 1938 година во која пишува: Може ли пронаоѓалот на оваа порака да биде љубезен и да го контактира Џон Стипфорд, Авенија Финдон 18, Барнет, Англија и да му ја предаде оваа фотографија.
– Додека се враќавме од прошетка го забекежав необичното шише, до половина закопано во песок и забележав дека во него се наоѓа замотана хартија, изјавил пронаоѓачот на шишето.
Наместо да ја задржи пораката за себе како спомен, пронаоѓачот се впуштил во истражување на нејзиното потекло. Со помош на друштвените мрежи успеал да ја пронајде личноста која живее на наведената адреса.
– Сегашните станари не го познавале Стиплфорд, но пронашле документ од кој се гледа дека Стиплфорд оваа надвижнина ја купил во 1921 година, изјави пронаоѓачот.
Тој се обидел да го открие авторот на пораката.
– Можно е пораката да ја напишал Џон Де Велдајц Стиплфорд, кој имал надимак Џек и живеел од 1890 до 1980 година. Џек најверојатно доаѓал кон Џерсеј на прослава по повод венчавката на братот на неговата жена, Федерика Сесила Хејтера со Мјуриек Кетлин Ларабалестер која е одржана во црквата Свети Лука, овде на островот, објаснува пронаоѓачот.
Автентичноста на ракописот на Џон Стипфорд ја потврдила и неговата ќерка. Причината поради која тој ја напишал оваа порака останува мистерија.