Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да го откаже настапот на турнирот во Аделејд што е дел од серијата 250.
Пласманот на Србија во финалето на АТП купот и предизвикот наречен Шпанија го натераа Ѓоковиќ да се повлече од турнирот, бидејќи веќе од 20 јануари почнува Аустралијан Опен.
Информацијата за повлекувањето ја потврдил и директорот на турнирот кој започнува веќе утре. Местото на светскиот рекет број два ќе го заземе Пјер Уго Ербер.