Mинистерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, изрази остри критики за Горан Пандев, кој постигна гол во победата на неговата Џенова против Милан со 2:1.
Причина за реакцијата на Спадафора е тоа што по голот, Пандев се поздарвуваше и прегрнуваше со своите соиграчи, а според италијанскиот министер тоа било лош пример во време кога во Италија има сериозна епидемија на корона вирус. Токму поради распространетоста на вирусот во земјата, и дуелот Милан-Џенова се одигра без публика.
– Фудбалот во оваа ситуација и понатаму е лош пример. Денешниот излив на емоции на Пандев и прегрнувањето на неговите соиграчи е најдобриот доказ за тоа – изјави Спадафора.
ГОЛОТ НА ГРАНДЕ ПАНДЕВ
GORAN PANDEV ????????? pic.twitter.com/OTO1Ivs2lR— Footbla (@FootblaDigital) March 8, 2020