Магазин 11. јуни 2020. / 17:30

Ги победи пороците: Славната манекенка е трезна веќе две години

Ги победи пороците: Славната манекенка е трезна веќе две години

Една од најпознатите топ-модели во светот, Кејт Мос (46), која е припадничка на златната манекенска генерација од 90-тите години, ја отвори душата за магазинот „Ел“ и откри дека зад себе ги оставила дивите забави и таквиот начин на живот.

Кејт вели дека веќе две години е потполно трезна, а во најлудата фаза од нејзиниот живот беше наречена „Резервоар“, поради нејзината огромна способност да испие големи количини алкохол.

Морам да бидам во кревет во 23 часот, го вклучуваам „Нетфликс“ и брзо да заспивам – вели Кејт за „Ел“.

Манекенката објаснува дека само што го завршила гледањето на серијата „Сексуално образование“.

Се будам во 8 часот наутро, но ако не спијам точно осум часа, јас сум ужасна во текот на попладнето – открива Кејт.

Новиот порок на Кејт е дневна доза на јога и денот го почнува со тоа. Има и велосипед, но не го користи често. Нејзините долгогодишни пријатели и деловни соработници ја потврдуваат таа приказна и објаснуваат дека сега многу подобро се забавуваат отколку порано, кога нивна главна рутина биле алкохолот и дрогата.

Кејт исто така објасни и како дошло до прекарот „Резервоар“. Таа веднаш по будењето посегнувала по  алкохолот, а потоа пиела на ручек и така во текот на целиот ден.

Мос вели дека во моментов е среќна и смета дека животот исполнет со луди забави е „завршена приказна“, како поради себеси, така и поради нејзината ќерка Лила (17), која ја доби во врската со Џеферсон Хак, кој многу ѝ помогнал да се најде на патот на кој е сега.