Магазин 02. јули 2020. / 14:43

Германски лекари: Нема долгорочен имунитет и пациентите повторно може да заболат од коронавирус

Германски лекари: Нема долгорочен имунитет и пациентите повторно може да заболат од коронавирус

Студија спроведена во Германија се изразува сомнеж дека лицата заразени со новиот коронавирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување.

Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19.

Исто така кај 40 проценти од пацентите без симптоми, два месеци по заболувањето, во крвта немале антитела.

Во редовните прегледи утврдивме дека кај 40 проценти од нашите пациенти не настанале антитела. Тоа докажува дека нема долгорочен иминутет и оти пациентите повторно би можеле да заболат од коронавирус, изјави главниот лекар на болницата во Швабинг, Клеменс Вендтнер.

И германскиот виролог Кристијан Дростен изјави дека кај некои пациоенти исчезнуваат антителата односно слабеат по два месеца. Тој додаде дека антителата се само еден, а не единствен индикатор за имунитет.