Македонскиот ракометен репрезентативец, Гоце Георгиевски и официјално стана член на Вардар, за коj потпиша двегодишен договор. Како што веќе беше најавено, 33-годишникот одново ќе заигра во македонската Суперлига каде го носеше дресот на Металург, објави Gol.mk
Новиот сопственик на клубот, Михајло Михајловски, за Gol.mk го потврди потписот на репрезентативното крило.
Можам да ви потврдам, Гоце Георгиевски ја одбра нашата понуда и потпиша двегодишен договор со Вардар“ изјави Михајловски за Gol.mk.