Магазин 21. април 2020. / 22:45

Генетска анализа: Зошто од Ковид-19 повеќе умираат мажите отколку жените

Генетска анализа: Зошто од Ковид-19 повеќе умираат мажите отколку жените

Австралиската генетичарка, Џенифер Грејвс, открива зошто мажите заразени со корона вирус умираат почесто отколку жените.

Според неа, релативно високата стапка на смртност кај мажите може да се објасни со комбинација на неколку фактори, вклучително и гените, хормоните, карактеристики на имунолошкиот систем и однесувањето.

Во Италија и Кина стапката на смртност кај мажите е повеќе од двојно поголема отколку кај жените. Во Њујорк, мажите сочинуваат околу 61 процент од починатите пациенти од Ковид-19.

Освен тоа, поголемиот број на смртни случаи кај мажите во однос на жените е ист во сите возрасни групи, од 30 до 90-годишна возраст.

Друга причина може да бидат хронични состојби, вклучително и срцеви заболувања, дијабетес и карцином, кои, исто така, почесто ги погодуваат мажите.

Грејвс верува дека главната причина за поголема ранливост на мажите од Ковид-19 е „Y“-хромозомот. Тој не содржи скоро никакви гени, но вклучува многу повторувачки секвенци, честопати наречени отпадоци на ДНК. Со влошување поврзана со возраста, оваа ДНК може да има токсичен ефект врз телото. Но, „Y“-хромозомот содржи и ген „SRY“, што го регулира нивото на машки хормони, вклучително и тестостеронот. Високото ниво на тестостерон и ниското ниво на естроген ги прават мажите поранливи на срцеви заболувања.

Жените имаат силен имунолошки систем. Ова ја зголемува нивната ранливост од автоимуни заболувања, но ја зголемува нивната отпорност на вирусни заболувања.