Магазин 10. мај 2020. / 18:45

Гардијан: Корона вирусот претставува закана за опстанокот на планинските горили

Гардијан: Корона вирусот претставува закана за опстанокот на планинските горили

Горилите спроделуваат 98 отсто од ДНК со луѓето и од луѓето може да добијат респираторни заболувања  со смртоносни последици.

Спроведените истражувања покажале дека корона вирусот претставува „егзистенцијална закана“ за приматите, особено за планинските горили, објави британскиот „Гардијан“.

Весникот наведува дека научниците предупредуваат оти Ковид-19 потенцијално може да доведе до истребување на тој вид.

Тоа е причината поради која ренџери во Националниот парк Бвинди во Уганда, каде што живеат околу 600 горили, носат заштитни маски за лицето, користат средства за дезинфекција и се држат на пропишаното растојание од мајмуните.

Со запирањето на туризмот за време на пандемијата на корона вирусот запре главниот извор на приход за зачувување на горилита, а се појавуваат стравувања од зголемување на ловокрадството.