Магазин 20. март 2020. / 18:04

Фудбалските прволигаши бараат помош за да ја преживеат кризата поради стопираното првенство

Фудбалските прволигаши бараат помош за да ја преживеат кризата поради стопираното првенство

Одборот на фудбалски прволигаши на Македонија испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија во кое бара мерки што ќе имаат за цел да им се помогне да клубовите во периодот кога Владата донесе низа мерки и препораки, коишто во целост ги запреа фудбалските активности, меѓу кои е и стопирањето на фудблското првенство.

Како што наведуваат клубовите, во таква ситуација, целосно им се стопирани приходите, но нивните финански обврски кон фудбалерите (за плати и придонеси) и кон држвата (даноци) се уште продолжуваат.

За да се најде решение клубовите да успеат да ја пребродат кризата, од Одборот на прволигаши ги испраќаат следните барања:

1. Даночни олеснувања.

2. Субвенционирање на платите за сите вработени додека траат превентивните мерки.

3. Субвенции на трошоците на компнаиите за бруто плати на сите кои се отсутни од работа  – хронично болни и родители на деца до 10 години.

4. Исплаќање нето плати без придонеси без да се блокираат сметките и без казни за работодавачите ако некоја фирма не може да исплати цела плата.

5. Намалување на придонесите за сите вработени од најмалку 50 отсто додека трае кризата, поради намален ефективен фонд на часови.