Магазин 02. март 2020. / 08:45

Фудбалот во канџите на корона вирусот: Се играше само на југот од Италија

Фудбалот во канџите на корона вирусот: Се играше само на југот од Италија

Иако за денеска од 20 и 45 часот беше закажан дуел од 26 коло од Серијата А, во кој силите требаше да си ги одмера Сампдорија и Верона, челниците на италијанскиот сојуз одлучија натпреварот да се одложи.

За нов термин одреден е 13-ти мај.

Секако, причините за одложувањето и на оваа средба се проблемите со корона вирусот, каде од европските земји најзаразени се во Италија, што предизвикува огромни проблеми за челниците на италијанската куча на фудбалот.

Првично во неделата беше соопштено дека натпреварот во Џенова ќе биде одржан, но без присуство на публиката, за подоцна одлуката да биде променета и одлучено да се игра во предвидениот термин.

Потсетуваме, во неделата беа одиграни само два натпревари од Серија А на кои беа постигнати дури 16 голови.

Аталанта како гостин го декласираше Лече со 7:2, додека Рома, исто така во гости, славеше против Каљари 4:3. Во саботата се играше само на југот од Италија, во Рим и Наполи.

Претходно беше соопштено дек се одложени дуелите Удинезе-Фиорентина, Милан-Џенова, Парма-СПАЛ, Сасуло-Бреша и големото дерби на Италија Јувентус-Интер.

И овие натпревари се на програмата на 13 мај.