Магазин 24. април 2020. / 13:23

Фудбалерите во Бундеслигата ќе носат маски за време на натпреварите

Фудбалерите во Бундеслигата ќе носат маски за време на натпреварите

Според одредени документи кои непланирано стигнале до рацете на германските медиуми, сезоната во Бундеслигата ќе продолжи така што фудбалерите ќе бидат приморани да носат маски.

Доколку некој од нив остане без својата заштитна опрема, судијата ќе мора да го прекине мечот. Маските ќе мора да стојат на лицето на фудбалерите во текот на цел натпревар, кои нема да смеат да ги допираат со своите раце.

На секои 15 минути мечевите ќе бидат прекинати со цел да се заменат маските и опремата. За време на паузата, сите фудбалери ќе мора да бидат оддалечени еден од друг метар и половина.