Магазин 18. февруари 2021. / 14:19

Фудбалерите и понатаму на 65. место на ФИФА ранг листата

Фудбалерите и понатаму на 65. место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа 65. позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски, во последните три месеци немаа ниту еден официјален настап, како и речиси сите репрезентации на ФИФА ранг листата, па поради тоа и нема промени во однос на последното рангирање. Македонија остана на 65. место во 1.362 бода, а веќе во наредниот месец, фудбалерите ги започнуваат квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар кој ќе се игра идната година.

Македонија квалификациите за СП 2022 година ги започнува на 25. март на гости против Романија, на 28. март игра против Лихтенштајн, а на 31. март е натпреварот против Германија. Токму Германија е најдобро рангиран противник во квалификациите на 13. место, додека Романија е на 37. место.

Од противниците на Европското првенство, Холандија е на 14. позиција, Австрија е на 23. место, додека Украина е 24. најдобра репрезентација. На врвот, меѓу 10. најдобри селекции нема промени, Белгија е прва, а по неа следат Франција, Бразил, Англија и Португалија, а во топ 10 се наоѓаат и Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.