Според француските медиуми менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорхе Мендеш ќе се состане наскоро со директорот на ПСЖ Леонардо, за да разговараат околу можната преселба на Португалецот во Париз.
35-годишниот Роналдо во Јувентус, постигна 31 гол во Серија А, освои скудето, но разочарувањето стигна во ЛШ, каде во осминафиналето се елиминирани од Лион. Откако Маурицио Сари беше отпуштен, а назначен Пирло за тренер, се погласни се шпекулациите дека Роналдо, кој има богат договор до 2022 година, ќе замине од Торино.